Опис на проектот
Руралните средини сами по себе се заедници кои во јавното мнение се заедници каде доминираат мажите, што од друга страна поставува поинаков пристап и во истражувањето, и во поимувањето на целокупната реалност која што ни е прикажана. Тоа секако повлекува создавање на точно структуирани стратегии за да се изнајде решение како да се намали родовиот јаз што постои во таквите заедници, а кои во голема мера влијаат и на националните, и регионалните простори.
Проектот се очекува да ги интегрира сите нивоа: индивидуални, групни, културни, етнички, религиски, родови, локални, регионални, национални затоа што интеграцијата на пазарот на трудот, економскиот и социјалниот развој не можат да се следат само на едно ниво.
Актуелниот комплициран начин на живот наметна и насочување и структуирање на многу институции и граѓански здруженија да се вклучат на сите можни нивоа, со цел да им помогнат на жените во процесот на прилагодувањето на новата реалост без големи последици (психолошки, физички, ментални, емоционални, семејни).
Моменталната состојба алармираше и детектираше да преввземеме акции и да се вклучиме во процесот на прилагодување т.е. еволуциски да ги инволвираме сите засегнат страни, со цел женската популација да се вклучи во делување и доживување на сите нешта како тоталитет а не само како нема набљудувач или пак потиснати актери на општествените промени и процеси. Токму поради тоа ние превземаме иницијатива како би ги поттикнале жените и од руралните средини за да се вклучат во соработка, директна инволвираност во проектите кои што диктираат и општествена одговорност. Повикани сме на своевиден начин да помогнеме во комплементарните процеси и преструктуирањето на новите модели поврзани со:
Социјализација, создавање взаемност, размена на идеи и искуства, тимска работа, психофизички развој, интеракција во проектни активности со физичко присуство, активности и натпревари, па дури и конфликти кои поттикнуваат разбирање на различностите на неколку нивоа (рамноправност, согледување и почитување на разликите во интеркултурната комуникација и емоционалната интелигениција)
Непречена комуникација со семејството, опкружувањето (блиско и подалечно) со кои ќе се надминат традиционалните бариери кои што сеуште влијаат во изборот на воспоставување еквивалентност во родовата и просторната структура (урбана и рурална)
Прифаќање на променетиот начин на живот во надворешниот свет, и имплементација на промените во домот како нормален тек на современието.
Имајќи предвид дека нашиот предлог проект е насочен првично кон позициционирање на проблемот, а тоа е дека имаме за цел во планираните региони да ги детектираме сите појавни проблеми поврзани со транспарентноста и вкоренетата традиција во моделот на однесување на жената кога се однесува на јавниот сектор, т.е. можноста да биде инволвирана во новите современи текови кои се диктирани од глобализацијата, нашата интенција е да го истражиме на еден начин влијанието кое диктира таква состојба кај жените во руралната средина, а од друга страна да креираме политики на адаптација и реална инклузија на жената во сите сфери кои дотогаш ѝ изгледале недостижни или пак претставувале табу за целокупната заедница која што е просторна рамка на нашето истражување.