Експертизата на The Kreativ Research Association е фокусирана на следните полиња:
Образование – промовирање на образованието и курсевите за професионална обука во руралните области и во маргинализираните заедници (вклучувајќи ги заедниците на Ромите) посветувајќи особено внимание и професионално советување на родителите и семејствата
Работа со млади (вклучувајќи и млади Роми) и инклузија; почнувајќи од 2016 ние инициравме истражувања и научни публикации на волонтерска основа фокусирајќи се на ситуацијата на професионалните компетенции на младите и признавање на нивното учество на пазарот на трудот. Исто така, ги истражуваме претставниците на имигрантскиот социјален слој на Романија во рамките на ЕУ по либерализацијата на пазарот на трудот.
Волонтерска работа и инклузија: имаме за цел да ги промовираме активностите помеѓу студентите и училиштата од средните училишта со нивно вклучување во повеќе неформални типови на образование
Според нашите цели, нашите активности се занимаваат и се поврзуваат со повеќе области како што се:
Образование и професионална обука
Истражувања за социјална работа
Развој на заедницата
Човекови права
Животна средина
Младинска работа и волонтирање
Во областа на младинската работа, нашите активности во повеќето случаи се поврзани со другите активности на невладината организација на партнерите. Нашиот главен експерт работи веќе 15 години на младински проекти како претставник на академската фела и претставник на невладиниот сектор со лица од заедницата на Ромите на повеќе проекти.
Kreativ Research Association развива професионални програми за обука на наставници од додипломски студии во соработка со Караш – Северин Центар за дидактички кадар на универзитетите.