Background image

За да бидам вистински дел од тебе, дај ми и ти дел од себе - општество мое ...

Таргет група

Руралните жени од предвидените региони во, во науката сеуште именувани како маргинализирана група, имено ги претставуваат традиционалните жени:

  1. Жените кои исклучиво функционираат по традиционалниот модел на живеење т.е. со прифатени улоги според хиерархијата на проширеното традиционално семејство

  2. Жени од различни етнорелигиски групи кои се едуцирани, а живеат во проширени традиционални семејства и се дел од традиционалниот дел

  3. Жените жртви на семејно насилство поради непишаните правила, а наметнати од традицијата (обичајното право, шеријатското право)

  4. Самохрани мајки и вдовици, жртви на традиционалниот модел на живеење

  5. Жените со понизок образовен профил

Ваквите групи од руралната средина особено се погодени од нееднаков третман и ниско ниво на учество во економските, социјалните, културните и политичките случувања во заедницата и многу малку учествуваат во граѓанскиот активизам на локално ниво, поради што и не се вклучени во добивањето поддршка на различни нивоа од локалната заедница. Жените во руралните средини се соочени со сите потешкотии почнувајќи од семејната средина, маалската кооперативност, потребата од вклучување на одредени активности поврзани за општествената одговорност на локалната заедница.

Тие токму поради поделбата на машки и женски улоги во руралните средини, кои се повикуваат на традиционалниот модел на живеење, најчесто се (при)јавуваат како жртва на семејното насилство, дискриминација. Тоа повлекува потреба од сестрани истражување на хоризонтално и вертикално ниво, со цел да се дојде до релевантни показатели т.е. индикатори кои ќе укажат на реалната слика на пристапноста кон квалитетни социјални, здравствени и економски услуги од страна на руралната жена.