Background image

За да бидам вистински дел од тебе, дај ми и ти дел од себе - општество мое ...

Институтот за култура и уметност

Главните активности се Институтот за култура и уметност се поврзани со проблематиката во културата и уметноста, процесите насочени кон развојот и трансформацијата на современите предизвици, условени од глобалниот процес во културата, и насочени кон хуманизација на односите во културата.

Главните активности подразбираат:

  1. Програмирање на научно – истражувачката работа

  2. Истражувачка работа во контекст на видови на култура и во сферата на уметноста

  3. Книжевност и литература

  4. Сликарство

  5. Театар

  6. Музика

  7. Архитектура

  8. Скулптура

  9. Филм

  10. Археологија

Еволуирањето на научно – исражувачката дејност низ заемената поврзаност на науката и образованието во координација со субјектите во сферата на културата и уметноста едновремено ја детерминира целта за континуирано егзистирање на нашиот Институт. Постигнувањето на значајни научни резултати преку домашната и меѓународната соработка преку размена на знаење, истражување, обука како и апликација во заеднички проекти во интеркултурниот развој воопшто.

Целната група на нашиот Институт е повеќедимензионална, насочена кон: младата популација почнувајќи од средношколците; студентите; домашни и странски научно-истражувачки институции; експерти од различни организациски и институционални проектни тимови за реализација на заедничките проекти.

На регионално ниво, заедничките предизвици кои долгорочно ни се провлекуваат на различни нивоа, бараат од нас да превземеме низа стратешки и иновативни мерки кои треба да бидат насочени исклучиво кон изнаоѓање заеднички решенија и надминување на сите препреки поттикнати од традиционалните форми на живеење. Имајќи предвид дека Балканот како регионален простор е многу сложен, тоа поздразбира дека вклучувањето на партнерски односи само на Балканот може да предизвика необјективност на културниот диверзитет и наша интенција е секогаш како партнери да имаме претставници и надвор од рамките на овој регион.Тоа ќе придонесе и за објективност на истражувањата поврзани со предметот, целите и задачите на проектот